Во 13 градови нема активни случаи

За три дена пријавени 180 новозаразени со ковид-19, починати нема

Во изминатите три дена биле направени 2.880 тестови, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19 од кои 29 се реинфекции. Оздравени се 153 пациенти, а во овој период нема пријавено починати лица. Бројот на активни случаи, според последните податоци, изнесува 570, информира Министерството за здравство.

Новите случаи на ковид-19 се во Скопје – 118, Охрид – 12, Кавадарци – 8, Тетово – 6, Битола и Струмица по 5, Штип и Неготино по 4, Прилеп и Кочани по 3, Куманово, Велес, Гостивар и Кичево по 2 и во Струга, Ресен, Радовиш и Делчево по 1.

Регистрирани сe 153 оздравени пациенти од кои од Скопје – 70, Куманово – 20, Битола – 9, Охрид – 7, Велес – 6, Струмица, Штип и Дојран по 5, Прилеп – 4, Струга, Свети Николе и Македонски Брод по 3, Гостивар, Кичево и Ресен по 2, а од Кавадарци, Тетово, Кочани, Виница, Кратово, Крушево и Демир Капија по 1.

Во текот на изминатите 3 дена, односно во периодот од 24 до 26.06.2022 не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин исто така не се регистрирани починати лица.

Направените 2.880 тестови се преку: ИЈЗ-170, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-24, ЦЈЗ Прилеп-15, ЦЈЗ Тетово-12, ЦЈЗ Куманово-19, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–78, Жан Митрев (Филип Втори)-40, Авицена-29, Биотек-94, Систина-55, лабораторија Лаор-356, Синлаб-3, Ремедика-2, Плодност-16, Генеа-9, Никоб Лаб-516, ВФВ Медикал-14, Ели МедикаПлус-17, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–12, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.344.

Досега во земјата се направени вкупно 2.078.512 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.540, бројот на оздравени пациенти е 303.648, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 570.

Дистрибуција по градови: Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 147.986, Активни 363

Куманово 16.726, Активни 19

Битола 15.769, Активни 29

Прилеп 14.246, Активни 15

Тетово 13.508, Активни 14

Кавадарци 10.725, Активни 21

Велес 9.814, Активни 6

Гостивар 9.622, Активни 8

Охрид 8.984, Активни 37

Штип 8.102, Активни 13

Струмица 8.094, Активни 10

Кичево 5.662, Активни 5

Кочани 5.112, Активни 9

Струга 4.736, Активни 3

Гевгелија 4.427, Активни 1

Неготино 3.708, Активни 8

Ресен 2.758, Активни 4

Свети Николе 2.640, Активни 0

Радовиш 2.532, Активни 1

Крива Паланка 2.419, Активни 0

Делчево 1.987, Активни 1

Берово 1.693, Активни 1

Дебар 1.681, Активни 0

Валандово 1.488, Активни 0

Виница 1.396, Активни 0

Пробиштип 1.268, Активни 0

Богданци 1.023, Активни 1

Кратово 967, Активни 0

Крушево 931, Активни 0

Демир Хисар 836, Активни 0

Македонски Брод 743, Активни 1

Демир Капија 594, Активни 0

Македонска Каменица 525, Активни 0

Пехчево 486, Активни 0

Дојран 352, Активни 0

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе