За прв пат навреме набавивме вакцини против грипот, вели министерот Сали

За прв пат по неколку години имаме навремена набавка на вакцини за сезонски грип, а со 60 илјади вакцини против сезонски грип ќе бидат опфатени сите возрасни групи, изјави министерот за здравство Беким Сали.

„Имаме околу 40.000 вакцини што ги набави Министерството за здравство и 20.000 се донации од организацијата ПиВи. Годинава продолжуваме со динамиката од минатата година, со 60 илјади вакцини, ќе бидат опфатени сите возрасни групи кои секоја година се цел на Министерството за здравство. Станува збор за пациенти над 65 години, трудници, деца до шест години, пациенти со хронични заболувања#, рече Сали, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје, каде беше пуштен во употреба нов најсовремен ангиографски систем за интервентни радиолошки процедури.

Министерсот упати апел граѓаните од овие ранливи категории да почнат со пријавување во системот за закажување вакцинација.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе