Министерство за образование и наука

За потребите на учениците со попреченост годинава ќе има 220 повеќе асистенти во училиштата

Во претстојната учебна 2022/2023 година ќе бидат ангажирани 720 образовни асистенти во основните училишта, што е 220 повеќе од минатата учебна година. Одлуката ја донесе Владата имајќи ги предвид искажаните потреби на родителите на учениците со попреченост, соопшти Министерството за образование и наука.

„Зголемувањето на бројот на образовни асистенти од 500 на 720 во споредба со учебната 2021/2022 година е показател дека МОН и Владата работат на подигнување на степенот на инклузивност во наставата и дополнително зголемување на квалитетот на воспитно-образовниот процес во училиштата, вклучувајќи ги и подрачните училишта во руралните средини“, наведува МОН.

Ангажирањето образовни асистенти за учениците со попреченост кои следат настава во редовните основни училишта втора година по ред, додава МОН, повеќе не е грижа и трошок за семејствата на учениците со попреченост, туку обврска на државата.

„Асистентите остануваат фокусирани на обезбедување квалитетно образование на ученикот преку соработка со наставниците и родителите, со стручните работници и инклузивниот тим кој се грижи за ученикот, а истовремено ја поттикнуваат соработката меѓу децата и заедницата“, соопшти МОН.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе