На прашање зошто нема учебници

За министерката Царовска учењето не е учебник, туку истражување и практикување

Министерката за образование, Мила Царовска вели дека учењето не е учебникот и дека учиниците учат преку истражување и практикување. На новинарско прашање дека иако училишната година започна во некои училишта во Скопје ученици од четврто одделение немаат ниту учебници, ниту таблети, додека во најмалку две училишта ученици во шесто одделение немаат учебници по историја како овие ученици ќе учат и зошто овој проблем не бил решен пред да започне училишната година министерката Царовска рече дека учениците имаат таблети и учебници.

„Учениците имаат таблети, учениците имаат учебници. Родителите, наставниците и административниот кадар имаат обврска да ги спуштат дигиталните учебници на постојните таблети кои се во училиштата и втора работа е дека ги спуштаат по информации во вибер групи или емаил адреси за тие да ги инсталираат“, изјави Царовска.

Министерката додава дека не постои никаков проблем дека учебници ќе има.

„Морам да истакнам дека учењето не значи учебник. Многу е значајно новата концепција да ја промени парадигмата на учењето, а тоа е идејата на новиот Концепт за учење. Учиме преку истражување и практикување, преку дискусија и анализа на различни содржини кои што се наоѓаат во различни извори на информирање за да тоа што ќе го научиме утре да знаеме да го употребиме. “, додава Царовска.

На прашање зошто се одржува настава во несоодветни простории во Основното училиште „Ѓорги Пулевски", министерката рече дека службите се на терен и ќе се утврди дали е тоа така или не. 

„Не смее по стандард да бидат учениците сместени таму ако велите дека е тоа така или како што стигаат моите информации веднаш ако се утврди дека е тоа така ќе се преземат мерки за отстранување на таквата неправилност иако мора да истакнам дека општините се надлежни за организација и инфраструктурно подобрување или организирање на училиштата, но сепак Државниот инспекторат ќе има своја постапка што ќе значи отстранување на таквите неправилности во остварување на стандардите за учење на учениците“, додаде Царовска

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе