Докторите Стевановиќ и Докиќ предупредуваат

За ковид-19 не земајте лекови на своја рака, со витамините внимателно

Лекарите потсетуваат дека антибиотиците дејствуваат врз бактерии, а не врз вируси и дека тие може да бидат препишани за да се избегне или излекува бактериска инфекција. Воедно апелираат да не се земаат витамини неконтролирано, затоа што може да предизвикаат други несакани последици.

Директорката на Инфективна клиника, д-р Милена Стевановиќ предупреди дека земањето антибиотици на своја рака може да предизвика низа на несакани дејства.

„Антибиотици не треба да се земаат на своја рака, ниту пак превентивно. Тоа важи и за витамините и разните суплементи. Секое несоодветно земање на лек, па дури и на суплемент може да донесе несакани дејствија. Лекарот е тој што треба да ја определи терапијата доколку е потребна. Тоа важи за секоја болест, тоа важи и за ковид-19“, нагласи  Стевановиќ во емисијата Клик-плус на ТВ21.

Проф. д-р Дејан Докиќ во истата дебата, истакна дека основно е да се пијат многу течности и да се земе витаминска терапија, но притоа да се биде внимателен, а најдобро е да се добие совет, препорака од лекар. Во однос на превентивата и при симптоми на ковид-19 потребни се витамини, но треба да се дознае кои и во какви дози, рече тој.

„Ц-витамин е потребно да се зема, но претпазливо, затоа што може да ги оштети бубрезите. Потоа, цинк, некои антиоксиданси, Д-витамин од 2.000 до 4.000 интернационални единици. Но она што е важно, е дека не би сакал граѓаните да земат парацетамол непотребно. На телесна температура од, на пример, 37, 2 голем број луѓе пијат парацетамол. А не знаат дека температурата е дел од одбранбениот систем. Се зема кога температуратa е висока, околу и над 39 степени за таа да се намали, но не нагло, со цел организмот да 'живне' и да ја продолжи својата борба“, објасни Докиќ.

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе