Во овој период биле регистрирани вкупно 790 нови позитивни случаи од 32 градови во државата, односно зголемување на бројот за 18,9% во однос на претходната недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, 221 или 28,0%, а во истиот период, во 17 градови бројот на новодијагностицирани бил под 20. Процентот на позитивни случаи од тестираните изнесува 8.1% што претставува зголемување од 1.4% во однос на претходната недела.
Во истиот период регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, при што најзастапени се возрасните групи на лица на возраст од 30-39 и над 60 години со 174 (22,0%), односно 172 (21,8%) позитивни. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасната група од 40-49 (134 или 17,0%), 50-59 (129, односно 16,3%) и 20-29 (118, односно 14,9%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (22 или 2,8%) и 10-19 години (40 или 5,1%).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (756 или 95,7%), регистрирани се 132 (16,7%) хоспитализирани, што е зголемување од 85,9% во споредба со минатата недела, а кај 219 лица, или 29% е регистрирано присуство на коморбидитети.
Од вкупниот број на нови случаи, 237 (31,3%) имаат контакт со потврден случај, а регистрирани се 29 лица со историја на патување во последните 14 дена.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.052 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Пријавени се 20 смртни случаи од 13 градови што претставува намалување од 42,9% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 16 лица биле над 60 години, по 2 на возраст од 50-59 и 40-49 години и едно лице на возраст од 30-39 години. Од починатите 15 лица биле хоспитализирани, а коморбидитети се регистрирани кај 17 починати лица.