Институт за јавно здравје

За една недела бројот на нови случаи на ковид-19 намален за половина

Во периодот од 10 до 16 мај се регистрирани 674 нови позитивни случаи на ковид-19 од 31 град во државата што претставува намалување од 48,3% во однос на претходната недела, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Во овој период тестирани се вкупно 16.773 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на ковид-19, со зголемување од 6,3% во однос на минатата недела. Од регистрираните 674 нови случаи најмногу се од Скопје (280; 41,5%), со неделна инциденца – 45,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 94,1/100.000 е регистрирана во Кратово.

Регистрирано е и намалување на процентот на позитивни слуачи којшто се движел од 1,8% до 7,2% или просечно 4,0%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (240 или 35,6%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (114 или 16,9%), 30-39 (114 или16,9%) 40-49 (111 или 16,5%),и 20-29 (56 или 8,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (6, односно 0,9%) и 10-19 години (33, односно 4,9%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на ковид-19 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени” се стекнале 2.646 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 36,0% во споредба со минатата недела.

Во оводј период пријавени се 65 смртни случаи од 15 градови, 38,1% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 56 лица биле над 60 години, 7 лица на возраст од 50-59 години, 1 лице на возраст од 40-49 години и 1 лице на возраст од 30-39 години.

На 17 февруари во земјава започна вакцинацијата против ковид-19 и заклучно со 16 мај аплицирани се 28.594 дози на Фајзер/Бионтек (19.691 со прва доза и 8.903 со втора доза), 44.890 дози на Спутник V (22.871 со прва доза и 22.019 со втора доза), 24.995 дози на Астразенека и 108.740 дози Синофарм. Заклучно со 16 мај вакцинирани се вкупно 207.219 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19, а комплетно се вакцинирани вкупно 31.599 лица.

 

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе