За 24 часа нови 28 пациенти во ковид центрите во Скопје, на инфективните оддели има вкупно 426 лица

Во ковид центрите во Скопје во изминатите 24 часа хоспитализирани се 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, а бројката на бројката на сомнителни и потврдени за ковид-19 кои се лекуваат на инфективните оддели во градот достигна 426 лица, информира Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно19 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, еден во ковид центарот на Клниката за неврологија, двајца болни на Клиниката за дерматовенерологија, седум пациенти на ковид одделението на Клиниката за гастроентерохепатологија и осум пациенти се примени на Клиниката за нефрологија. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало пет нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени четворица.  

Според информациите од Министесртвото за здравство, на Кожната клиника во ковид центарот во моментов се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 55 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 25 лица.  Во ГОБ „8 септември“ има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 160 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти, од кои 12 деца и 28 возрасни.

Од вчера пациенти сомнителни и потврдени за ковид-19 се примаат и во ковид центарот на Клиниката за нефрологија. Таму во моментов се сместени осум пациенти и има уште 17 слободни кревети.

На инфективните оддели во болниците во Скопје има вкупно 426 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19, а голем дел од нив се на кислородна поддршка.

„И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, слободни места во моментов има доволно во ковид центрите на интерните клиники, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Во наредните неколку дена со работа ќе почне и ковид центарот на Клиниката ОРЛ. Сите новоотворени инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, додаваат од Министерството за здравство.

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе