Во Прилеп се истражува кој ја оштетил електричната табла до модуларната болница

Нема никакви проблеми со функционирањето на модуларната болница по Прилеп по инцидентот со оштетувањето на таблата за напојување со електрична енергија кој го истражува полицијата, информираат кусо од болницата.

Инаку, синоќа болницата ја информирала полицијата, која направила увид, дека обезбедувањето забележало физичко оштетување, со хебла на таблата која е веднаш до модуларната болница и ја напојува со електрична енергија. Полицијата го истражува случајот, а земени се и снимките од безбедносните камери.

Според директорката на Општа болница со проширена надлежност од Прилеп Кети Смилеска, која кусо телефонски не информираше, нема проблеми во функционирањето на модуларната болница каде се хоспитализирани 17 ковид-пациенти.

„Во модуларната нема никаков прекин на струја, ниту е нарушено функционирањето. Од 17 хоспитализирани пациенти, 14 се на кислородна поддршка, а двајца пациенти се во тешка здравствена состојба“, информира Смилеска.

По големата трагедија во тетовската модуларна болница, во прилепската имало вонредни инспекциски контроли и надзор на исправноста на противпожарните апарати, уредите и на електричната инсталација и не е најден никаков пропуст.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе