Во Прилеп некој се обидел да ја оштети таблата за струја на модуларната болница

Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од модуларната болница. Обезбедувањето на болницата забележало дека таблата од надворешната страна на болницата е отворена со хебла и го известиле електричарот од болницата, а веднаш била повикана и полиција.

Струјата во модуларната болница е во функција, бидејќи надворешната табла не врши дотур на електрична енергија на опремата во болницата. Во модуларната болница се хоспитализирани 17 пациенти, вандализмот не довел да се загрози животот на пациентите, соопшти Министерството за здравство и апелира до надлежните институции за што побрзо расчистување на случајот.

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе