Во пензија е ама доктор Есати спасува животи како да е итна медицинска служба

Доктор Абдулџелал Есати живее во Теарцие и е лекар во пензија. Но, само на хартија, затоа што тој волонтерски им помага на луѓето на кои им е потребна медицинска помош или лекарска интервенција. Својот автомобил го опремил како мало возило за итна помош. Вели, екипите на медицинските возила за итна помош често се на терен и интервенираат и не можат секаде на време да стасаат. Затоа е тој тука да помогне, а на пат е и да формира волонтерски медицински тим. Внимението на медиумите кон него се сврте сега, кога тој спаси работник кој падна од бандера.

Доктор Есати, инаку специјалист анестезиолог, бил известен за лошата среќа на работникот кој лежи тешко повреден откако паднал заедно со бандерата која попуштила во својата основа. Доктор Џеки, како што поточнпо е познат меѓу граѓаните од тетовско - теарскиот крај, успеал да ја имобилизира ногата, да ја најде „животната вена“ и да ги врати виталните функции на работникот и да му се спаси животот.

„Интервенцијата заврши задоволително, пациентот беше контактибилен, ми се заблагодарија колегите што дојдоа од Итната медицинска помош, па потоа ми се јави дежурниот анестезиолог Рувиде Скендери и ортопедот Митра. Ми рекоa: Ништо повеќе не направивме, болниот го транспортиравме за Скопје поради фрактурата што не може да се реши во Тетово“, раскажува доктор Есати.

Благодарение на докторското куферче кое е постојано во автомобилот, како и на другите медицински средства во багажниот простор, лекарот успева да им помогне на граѓаните.

„Имам статус пензионер, меѓутоа, уште го немам почувствувано што значи тоа да се биде пензионер, затоа што и сега давам анестезија, помагам, одам кај болните. Никогаш не се сум рекол не никому, не затворам мобилен телефон. Криза е низ целиот свет, а јас затоа би направил волонтерска екипа составена од синот, зетот, ќерката, сопругата, снаата...сите се доктори“, вели докторот.

Тој специјализирал на Воено-медицинска академија (ВМА) во Белград, а поминал вкупно 36 години на работа.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе