Во лабораторијата на МАНУ не е регистриран јужноафриканскиот сој на коронавирусот, но регистрирани се 35 други мутации

Една од причините за зголемениот број на нови случаи со ковид во земјава е британската мутација, покажуваат најновите анализи направени во лабораторија на МАНУ. Најмалку 50 проценти од испитаните случаи во последниот месец биле заразени со британската варијанта на коронавирусот.

Освен британскиот сој, резултатите во лабораторијата на МАНУ покажаа дека послениот период во Македонија забрзано се шири и чешко - словачката варијанта на вирусот. Од почетокот на годината до средината на февруари од скенирани 524 примероци, детектирани се 35 мутации на вирусот, но меѓу нив не се откриени јужноафриканскиот и бразилскиот тип.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе