Во ковид-центрите во земјата се лекуваат 1.348 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава, без Скопје, е пријавено дека се лекуваат вкупно 872 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Според информациите од Министерството за здравство, од болниците низ земјава, после Скопје најмногу хоспитализирани пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 има во Прилеп, 130. Во Битола се хоспитализирани 75, во болницата во Штип 59 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 63 болни, а во Куманово 114 пациенти позитивни и суспектни  на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во ковид центарот во Гостивар 62, а во Струга 43 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациент, во Кочани 17, во Кичево 20, Кавадарци 44,  во  Гевгелија 15 лица, а во Дебар 9 позитивни  и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.348 и има околу 180 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

 

 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе