Министерство за здравство

Во ковид-центрите во Македонија се лекуваат 604 пациенти, има 580 празни болнички места

Во последните 24 часа во ковид-центрите во болниците низ Македонија пријавено е дека се лекуваат 315 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 31 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 21 болен, а во Куманово 45 пациенти. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 24 во ковид-центарот во Гостивар 16, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 22 пациенти, во Кочани 2 во Кичево 12, Кавадарци 18, во Гевгелија 3 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 604 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе