Состојби со болничките капацитети

Во ковид - центрите се лекуваат 594 пациенти, слободни над 500 кревети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава изнесува 594 лица и има околу 520 празни болнички кревети во ковид - центрите. Во ковид - центрите во болниците во Скопје се лекуваат 263 пациенти, а низ земјава 331 пациент.

Во изминатите 24 часа во ковид - центрите во Скопје се хоспитализрани уште два пациента поради компликации од коронавирусот. Вкупно 263 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало осум приеми. Во ковид - центарот во ГОБ „8 Септември“ имало пет нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника девет во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 15 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид - центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 28 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 15 пациенти со симтоми на коронавирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 89 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти, на ГАК две пациентки.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 14 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 43 пациенти. Во ковид - центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 19 во ковид - центарот во Гостивар 18, а во Струга 21 болен.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 23 пациенти, во Кочани 7 во Кичево 8, Кавадарци 24, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, велат од Министерството за здравсто.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе