Министерство за здравство

Во ковид центрите низ Македонија се лекуваат 1.275 пациенти

Во ковид центрите во болниците низ земјава, со исклучок на Скопје, според податоците од Министерството за здравство, се лекуваат вкупно 780 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент, на инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 49 болни, а во Куманово 93 пациенти позитивни и суспектни  на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има 100 пациенти, во Прилеп 91, во ковид центарот во Гостивар 58, а во Струга 39 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 77 пациенти, во Кочани 13, во Кичево 11, Кавадарци 54, во Гевгелија 16 лица, а во Дебар 10 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.275, во ковид центрите има околу 230 празни болнички кревети.

 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе