Трендот на намалување продолжува

Во ковид-центрите денеска има 806 пациенти, 77 помалку од вчера

Во болниците низ државата има вкупно 806 ковид-пациенти од кои 340 се во Скопје, а 466 во другите градови. Утрово, како што информира Министерството за здравство, имало слободни 864 болнички кревети, а од нив во Скопје се 330.  

Во скопските ковид-центри во изминатите 24 часа се хоспитализирани 22 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Од нив, 7 се примени на Интерните и хируршки клиники, 13 во ГОБ 8 Септември, 2 на Инфективната клиника и еден на Клиниката за детски болести. Нови пациенти не се примени ни во Козле, ни на Институтот за физикална медицина. Во истиот период дома се пуштени 67 оздравени пациенти.

Според последната статистика, во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 112 пациенти, во ГОБ 8 Септември има вкупно 118 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 95 пациенти, додека на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 7 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на ковид 19 вирусот, во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 7 болни, а на ГАК нема позитивни пациентки.

Што се однесува до болниците во другите градови, денеска најмногу пациенти се лекуваат во Велес-59 и во Куманово-57. Во болницата во Битола се хоспитализирани 54 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, во Штип се хоспитализирани 51 пациент, а на инфективното одделение во Тетово има 11 пациенти. Во ковид-центарот во Охрид има 55 пациенти, во Прилеп 40, во ковид-центарот во Гостивар 15, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 50 пациенти, во Кочани 20, во Кичево 10, Кавадарци 24, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе