Во болниците во Македонија има вкупно 1.301 пациент со ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ Македонија, освен Скопје, е пријавено дека се лекуваат вкупно 821 пациент позитивни или суспектни на коронавирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 82 пациенти позитивни или суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 55 болни, а во Куманово 111 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 64, а во Струга 38 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 64 пациент, во Кочани 17 во Кичево 10, Кавадарци 56, во Гевгелија 18 лица, а во Дебар 7 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.301 и има околу 190 празни болнички кревети во ковид центрите.

 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе