Според извештаите од болниците, во болницата во Битола се хоспитализирани 63 пациенти позитивни и суспектен на ковид-19, во болницата во Штип има 57 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекуваат 61 пациент, а во Куманово 120 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 114, во ковид центарот во Гостивар 57, а во Струга 29 болни. Во болницата во Струмица лежат 79 пацинети, во Кочани 17, во Кичево 20, Кавадарци 44, а во Гевгелија 16 лица позитивни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.296 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, според Министерството за здравство, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.