Дневен ковид-билтен за состојбите во болниците низ земјава

Во болниците се лекуваат 718 пациенти и има околу 400 празни кревети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава изнеува 718 лица и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 412 пациенти.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 65 пациенти позитивни и суспектни. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 48 во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 26 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 11 во Кичево 15, Кавадарци 23, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 8 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Министерството за здравство нагласува дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе