Дневна ковид - статистика за болничките капацитети

Во болниците се лекуваат 608 пациенти, празни се 452 кревети

Вкупниот број позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава изнесува 608 пациенти и има околу 452 празни болнички кревети во ковид – центрите. Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 352 пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 33 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 257 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало осум приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 нови приеми на пациенти и 10 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени пет пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 33 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 26 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 12 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ „8 Септември" има вкупно 78 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 91 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 24 пациенти. На ГАК е хоспитализирана една пациентка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 22 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 49 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 40 пациенти, во Прилеп 31, во ковид – центарот во Гостивар 12, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани двајца, во Кичево осум, Кавадарци 44, во Гевгелија шест лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, велат од Министерството за здравство.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе