Дневна статистика на Министерството за здравство

Во болниците се лекуваат 596 ковид - пациенти, а има 510 празни кревети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава изнесува 596 лица и има 510 празни болнички кревети во ковид - центрите. Во изминатите 24 часа во ковид - центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 346 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 23 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 250 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 6 приеми. Во ковид - центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 8 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 9 во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид - центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 26 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 14 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 89 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациент.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти, во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 21 пациент, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 45 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 21 во ковид центарот во Гостивар 18, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 19 пациенти, во Кочани 7 во Кичево 8, Кавадарци 24, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, уверува Министерството

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе