Според податоците од Министерството, кои пристигнуваат на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 70 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, а во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, а во Велес се лекуваат 65 болни. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 111 пациенти, во Прилеп 104, во ковид центарот во Гостивар 49, а во Струга 32 болни.
Во болницата во Струмица има 72 пациенти, во Кочани 20, во Кичево 18, во Кавадарци 44, а во Гевгелија 9 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.290 и има колку 130 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.