Податоците од Министерството за здравство покажуваат дека во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, а во болницата во Штип 33 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 32 болни, а во Куманово 57 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има 40 пациенти, во Прилеп 48, во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 27 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 29 пациенти, во Кочани 9, во Кичево 16, Кавадарци 21, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 8 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Во ковид центрите низ државата има околу 600 празни болнички кревети, а по дневните
исписи на оздравени пациенти ќе се ослободат дополнителни легла.