Во болниците низ државата има 700 пациенти од ковид-19, од нив 300 се во Скопје

Во ковид центрите во болниците низ земјава во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 700 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, а 300 од нив се во инфективните одделенија во Скопје. Според податоците од Министерството за здравство, денеска има околу 560 слободни кревети.

Во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 14 нови пациенти поради компликации од корона вирусот од кои седум во ГОБ 8 Септември, а шест на Инфективната клиника, додека на интерните клиники немало ниту еден прием. Во изминатите 24 часа, исто така, дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 17 пациенти со симптоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 12 пациенти, на Клиниката за очни болести шест пациенти, а на ОРЛ 16 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 95 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 77 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти. Во скопските болници утрово до 8 часот имало 146 слободни места.

Што се однесува до болниците низ Македонија, после Скопје најмногу пациенти има во Куманово, 61. Во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, а во болницата во Штип 34 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 21 пациент, во Велес 31, во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 47, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 27 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 31 пациент, во Кочани 9, во Кичево 16, Кавадарци 21, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 8 позитивни и суспектни на корона вирусот.

 

 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе