Вонреден инспекциски надзор

Во битолската болница пациенти нема да лежат до починати лица

На директорката на Клиничката болница во Битола ѝ е наложено да обезбеди адекаватна просторија за починати пациенти или да ја прошири моргата која ќе одговори на потребите, рече директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Ирина Сотирова Бухова по инспекцискиот надзор што го изврши  откако во медиумите беше споделено видео дека во иста просторија во тријажниот центар пациенти примаат инфуција, а до нив се оставени починати лица.

Сотирова Бухова вели дека веќе се поставени и паравани и се задоволени потребните критериуми за почитување на правата за приватност на пациентите, а изречено е решение за санирање на санитарниот јазол што со претходно решение бил забранет за употреба.

ДСЗИ досега иницирал 21 вонреден инспекциски надзори, а во тек се девет.

„Тоа е делот од тријажниот центар каде се лекуваат и примаат терапија пациенти кои се надомашно лекување суспектни на Ковид. Случката е од 22 овој месец во 16.30 часот кога за жал, имајќи го предвид билтенот од претходниот ден, во битолската болница имало вкупно 13 егзитирани пациенти, а капацитетот на моргата која ја имаат за сместување на починати пациенти е за четворица. Заради динамиката на подигање на телата, секако сѐ во рамки со законските протоколи после колку време може да бидат подигнати телата, има недостиг од простор. На директорката ѝ е наложено да обезбеди адекватна просторија или проширување на моргата која ќе одговори на потребите. Во однос на изолираноста на пацинетите со паравани, тие се веќе поставени и се задоволени основните критериуми почитувајќи ги правата за приватност од Закон за права на пацинети", изјави Бухова.

Вонредниот надзор на ДСЗИ во Килиничката болница во Битола ги опфати и санитарно хигиенските услови, а по реакците за состојбата на санитарен јазол. ДСЗИ, појасни Бухова, уште минатата година има издадено решение за забрана за употреба на тој санитарен јазол, а со решение е наложена негова реконструкција.

„Тој дел од болницата пред почетокот на пандемиските услови беше планиран за комплетно реновирање и пренаменување во геријатриски центар, но заради напливот на пациенти и овој дел од болницата е отворен за употреба, освен санитарниот јазол. Во моментов е издадено решение по кое директорката веднаш постапува за санирање“, рече Бухова, одговарајќи на новинарски прашања по средбата на инспкеторите од ДСЗИ со вицепремиерот Љупчо Николовски.

 

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе