Во „Аџибадем Систина“ од ковид-19 третирани се 2.265 пациенти

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ досега се третирани вкупно 2.265 пациенти со ковид-19, а во последните 5 месеци на инфективниот интензивен болнички оддел хоспитализирани се 337 пациенти, реализирани се 1.489 амбулантски прегледи, а 439 пациенти биле третирани во дневната болница, објавија од болницата.

Според податоците од „Аџибадем Систина“, 70 отсто од хоспитализираните пациенти биле висококритични, со напредната фаза на болеста, со ниска кислородна сатурација под 80% и други придружни заболувања, но резултатите од нивниот третман покажале успешен пристап во третманот на ковид-пациенти, со стапка на смртност од 15% и просечен број на денови за хоспитализација од 10 дена. Сите 337 хоспитални пациенти биле на кислородна поддршка, со просечна возраст од 60 години, а просечната возраст на починатите пациенти е 65 години. Починале вкупно 53 починати пациенти, но 28 од нив биле оздравени од ковид-19, а починале од респираторна слабост или кардиоваскуларни компликации.

„Она што би сакале да го истакнеме е и ниската стапка на смртност од 25% кај пациентите коишто беа третирани со асистирана механичка вентилација – инвазивна и неинвазивна (респиратор). Досега на одделот на респиратор беа поставени 92 пациенти, од кои кај 70 пациенти е успешно завршен третманот. Од осум пациенти кои беа приклучени на ЕКМО-машина го спасивме животот на 5 пациенти кај кои шансата за преживување беше минимална“, вели д-р Жарко Христовски, медицински директор на Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Во соопштението од болницата уште се наведува дека инфективниот интензивен болнички оддел на „Аџибадем Систина“ е единствениот приватен инфективен оддел во земјава со најголем капацитет во кој се применуваат најсовремените протоколи за третман на ковид-пациенти на Светската здравствена организација, Здравствената групација „Аџибадем“ и втората најголема групација на болници во светот (IHH). Болницата е пионер и во набавувањето на најсовремена терапија за пациентите, меѓу кои се и лековите Tocilizumab, Remdesivir, Favipiravir и Ivermectin, имуноглобулини, како и антибиотска терапија (согласно микробиолошките наоди), витаминска терапија, хепатопротективна терапија...

Одделот располага со капацитет од 51 кревет со систем за кислородна поддршка од кои 2 ЕКМО-места, 38 респираторни места, 1 хемодијализно место и 2 места за ултрадијафилтрација. Дневната болница располага со 4 кревети.

Во третманот на ковид-пациентите во „Аџибадем Систина“ вклучен е тим од 26 специјалисти од различни области и 72 останат медицински персонал. Мултидисциплинарниот тим лекари е составен од 3 инфектолози, 7 интензивни анестезиолози, како и пулмолози, кардиолози, нефролог, трансфузиолог, нутриционист и други специјалисти кои се вклучуваат во третманот зависно од состојбата на пациентот.

„Ваквиот пристап е клучната причина за успешниот третман на пациентите бидејќи веќе е јасно дека ковид-19 не е само респираторна болест. Најважен дел од третманот е и правилната одлука за навремено поставување на инвазивна и неинвазивна респираторна поддршка и одржување на пациентот, а ние располагаме со врвен тим на интензивни анестезиолози кои се обучени за следење на ваков тип пациенти кои се витално загрозени“, вели д-р Христовски.

Со комплетно опремени три амбулантни возила и мобилна екипа, изминативе 5 месеци „Аџибадем Систина“ примила 286 пациенти кои биле префрлени од останатите ковид-центри во земјава и од Косово и уште 34 пациенти кои со транспорт на болницата  директно биле примени на инфективниот оддел.

Од април 2020 година во лабораторијата на „Аџибадем Систина“ изведени биле вкупно 55.660 тестирања за ковид од кои 40.812 ПЦР-молекуларни тестови чиишто резултати покажале присуство на коронавирусот кај 7.841 пациент, односно 24%. Останатиот број направени тестови – 14.182 се однесуваат на брзите антиген тестови и серолошките  IgG/IgM за детекција на антитела.

 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе