Владата формира Совет за унапредување на образованието и науката, членови Ковачевски, Груби, Шаќири, Битиќи, Бесими...

Совет за унапредување на образованието и науката е новото владино тело за кое вчера Владата одлучи дека е неопходно да се основа. Предлогот дојде од Министерството за образование и наука по направените анализи за состојбите во основното, средното и високото образование, состојбите со ученичкиот и студентскиот стандард и со обезбедувањето на учебниците во Македонија.

Според соопштението на Министерството за образование, преку овој Совет ќе се овозможи подобрување на квалитетот на образованието и науката, оптимизација во образованието, зајакнување на системите на евалуација и оценување, реформирање на наставните програми со нивна поголема насоченост кон резултатите од учење, подобра ориентираност на програмите за стручно образование и обука кон потребите на пазарот на трудот, како и програмите во високото образование да ги отсликуваат потребите на пазарот на трудот.  

Владата одлучи со Советот да претседава премиерот Димитар Ковачевски, а во состав ќе бидат министерот за образование и наука Јетон Шаќири, првиот заменик на претседателот на Владата Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими. Во Советот ќе бидат вклучени и Педагошката служба како орган на државната управа во состав на Министерството за образование и наука и претставниците од стратешките партнери на министерството - Сојузот на средношколци, Интеруниверзитетската конференција, Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, Агенцијата за квалитет во високото образование, Одборот за акредитација на високото образование, Одборот за евалуција на високото образование, студентските собранија, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно обраование и обука, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат и Центарот за образование на возрасните. 

Со оваа одлука МОН ќе креира политики кои ќе се базираат на информациите за моменталната функционалност на системот на национално ниво, како и на меѓународните истражувања за факторите што придонесуваат за ефективна настава и учење, соопшти Министерството за образование и наука.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе