Вкупно 1.331 пациент се лекуваат од ковид-19 во болниците низ Македонија

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава, со исклучок на Скопје, е пријавено дека се лекуваат вкупно 826 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 63 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 52 болни, а во Куманово 108 пациенти позитивни и суспектни  на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 106, во ковид центарот во Гостивар 58, а во Струга 38 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациенти, во Кочани 15 во Кичево 10, Кавадарци 56,  во  Гевгелија 19 лица, а во Дебар 11 позитивни  и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.331 и има околу 170 празни болнички кревети во ковид центрите.

 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе