Имунизација против ковид-19

Вчера со прва доза вакцинирани само 745 лица, 35 проценти од населението примило две дози

Само 33 проценти од македонските граѓани на возраст од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, додека 35 отсто од вкупното население е целосно имунизирано со две дози вакцина против ковид-19, велат податоците на Министерството за здравство. И натаму е намален интересот за вакинирање, во текот на вчерашниот ден прва доза вакцина примиле само 745 лица.

Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.798 дози вакцини, од кои 745 се аплицирани како прва доза, 1.999 се ревакцинирани, а 54 граѓани примиле трета доза вакцина.

„Заклучно со 7 октомври вкупно се вакцинирани 793.987 граѓани, ревакцинирани се 745.415, а трета доза примиле 625 граѓани. Според возрасните групи, 53 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 проценти од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 47 проценти, а со две дози опфатени се 44 проценти од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 проценти од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина“, соопшти министерството.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе