Министерство за здравство

Вчера само 2,4 отсто од тестираните беа позитивни, се очекува ново олабавување на ковид-мерките

Од вкупниот број тестирања во текот на вчерашниот ден, позитивни се околу 2,4 проценти од новите случаи или 23 новозаболени на 953 тестирања, од кои еден е случај на реинфекција. Најголем број новозаболени има во Скопје – 19, како и најмногу активни случаи – 621.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во текот на вчерашниот ден починато е едно лице на 80-годишна возраст во болнички услови со коморбидитети.

Забележани се 190 оздравени пациенти, со што бројот на активни случаи на ниво на држава е 1.211.

Во текот на оваа недела се очекува Владата да ги прифати мерките што Комисијата за заразни болести ги предложи минатата недела, односно укинување на задолжително носење маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, аптеки, јавен превоз и домови што згрижуваат лица. Исто така, препорачано е да не се следат контактите на новозаболените.

Засега остануваат актуелните мерки, учениците од средните и основните училишта немаат обврска да носат заштитна маска во училиштата, а дозволено е да се организираат училишни екскурзии. Студентите повторно ја следат наставата со физичко присуство, но задолжително е носење заштитна маска. Исто така, зголемен е капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот до 75 проценти, како и укинување на обврската за задолжително поседување сертификат за вакцинација или прележаност во отворениот дел на угостителските објекти и во шопинг центрите.

 Во Грција вчера беа утврдени актуелните мерки што ќе важат до 18 април оваа година. За влез во земјата потребно е европски дигитален сертификат за ковид-19, поврзан со вакцинација, прележана болест или негативен резултат по направен ПЦР или рапид тест. Непроменета останува и мерката за задолжително носење маска за сите затворени простори, а за влез во сите објекти, потребен е документ за ковид-19 кој се скенира со специјална апликација. Исклучок се маркетите, аптеките, продавниците за храна и бензинските пумпи.

Досега во земјата се направени вкупно 1.984.493 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.817, бројот на оздравени пациенти е 297.354, на починати е 9.252, а бројот на активни случаи изнесува 1.211.

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе