Процес на имунизација

Вчера прва вакцина примиле 1.253 лица, а трета фајзер - доза 425 лица

Според последните податоци, 44 проценти од полнолетното население е целосно имунизирано, додека и натаму слаб е процентот кај граѓаните на возраст од 18 до 39 години и постои само податок дека 32 отсто од нив се вакцинирани барем со една доза.

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 5.246 дози вакцини, од кои 1.253 се аплицирани како прва доза, 3.897 се ревакцинирани, а 425 граѓани примиле трета доза вакцина, информира Министерството за здравство.

Заклучно со вчерашниот ден вкупно се вакцинирани 791.141 граѓани, ревакцинирани се 737.979. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 32% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47%, а со две дози опфатени се 44% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцини, информира министерството.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе