сабота, 20 април 2024

508 кандидати за полициски службеници привршуваат со обуката во центарот Идризово

Вкупно 508, од кои 416 маши и 92 женски кандидати за полициски службеници за една недела ги завршуваат сите тестови во Центарот за обука во Идризово, а во моментов се реализира последната активност од обуката – логорување или полициско тактичка теренска обука, предвидена во наставната програма. Тие денеска изведоа вежба за воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем, информираат од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за генерација која обуката ја започна на 23.04.2023 година, а која завршува на 27 април годинава.

Денеска беше презентирана опремата која се користи за обезбедување на границите како и болу – камерата чијашто цел е собирање на податоци и информации, врши сликање и снимање; термална камера која се користи за ноќно наблудување за граничен надзор; форд рајнгер специјално моторно возило за наблудување на терен, опремено со термална- ноќна камера и дневна камера за обезбедување на државна граница.

На демонстрацијата на полициските вештини на кандидатите, како и на опремата присуствуваше дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ