Министерство за здравство

Уште немаме колективен имунитет, вакцинацијата е најдобра заштита

Податоците од анализата од ковид-тестирањето, односно скринингот што го спроведе Министерството за здравство покражуваат дека не е постигнат колективен имунитет. Присуството на антитела кај невакцинираните испитаници се движи од 75 до 76 проценти, додека кај испитаниците кои се вакцинирани нивното присуство е 85-86 проценти.

Голем број од тие кои не се вакцинирани против ковид-19 или прележале или дошле во контакт со вирусот, но тоа не значи дека е постигнат колективен имунитет, изјави вчера за МИА заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски.

Тој појасни дека сепак најрелевантен параметар се секојдневните анализи на бројот на новозаболени, починати и хоспитализирани и врз основа на тоа се препорачуваат епидемиолошките мерки.

„Анализите во државава покажуваат дека во однос на овие три параметри моментално се наоѓаме во зелена фаза и според тоа се имплементираат соодветни епидемиолошки мерки кои се во корелација со зелената фаза. Анализите се следат на дневно и на неделно ниво и во зависност од одредено намалување или зголемување на овие параметри така би се планирале и идните епидемиолошки мерки“, додаде Рендевски.

Во вчерашниот извештај од Институтот за јавно здравје регистрирани се 310 нови случаи со ковид-19, од кои 49 се реинфекции. Починато е едно лице, а дополнително се пријавени две лица, согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, а оздравени се 284 лица.

Податоците на Институтот за јавно здравје за минатата недела, покажуваат дека  е забележан раст од 0,9 отсто на новозаболени. Процентот на позитивност се движи од 6,6 до 14,2 отсто, просечно 11,4 отсто.

Намалување од 55,9 проценти има кај бројот на смртни случаи, а за речиси 40 отсто е помала бројката на хоспитализирани. На болничко лекување во моментов се 109 лица, од кои 49 се на кислородна поддршка, а тројца на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Заменик-министерот за здравство повторно апелираше дека вакцинацијата против ковид-19 е столб за подобрување на имунолошката состојба и потсети за караванот за вакцинација против ковид-19, што започна во Шуто Оризари, а денеска продолжи на плоштадот во Кратово.

Караванот има за цел да поттикне вакцинација во оние места каде е ниско нивото на вакцинираност и да ја промовира вакцината како начин на сигурна имунизација против вирусот.

Заклучно со 19 март, вакцинирани се вкупно 872.183 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19. Комплетно вакцинирани (со две дози) се 852.319 лица, а со трета доза 149.793 лица.

Досега во земјава се направени вкупно 1.941.593 тестирања на ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 303.728, бројот на оздравени
пациенти е 292.628, на починати е 9.187, а на активни случаи изнесува 1.913.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе