Министерство за здравство

Уште 601 новозаразени на ковид-19, починати 13

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од направени се 4.501 тестирање, регистрирани се 601 нови случаи на ковид-19 и 13 починати лица.

Во Скопје регистрирани се 217 новозаразени, Битола – 68, Велес – 34, Кавадарци и Куманово – по 31, Прилеп и Штип – по 28 , Крива Паланка – 18,  Кочани и Тетово – по 17, Гевгелија – 16, Делчево, Кичево, Охрид и Радовиш – по 10, Берово – 9, Неготино – 8, Македонска Каменица и Ресен  - по 5, Богданци, Виница и Гостивар – по 4, Кратово, Пробиштип и Струмица  - по 3, Демир Хисар, Крушево и Свети Николе  - по 2, Македонски Брод и Струга  -  по 1.

Регистрирани сe 304 оздравени пациенти. Од Скопје се 141, Куманово – 26, Велес – 16, Прилеп  и Кавадарци – по 15, Битола и Штип – по 14, Охрид – 10, Тетово и Кочани – по 7, Пробиштип – 6, Свети Николе – 5, Струмица, Гевгелија, Неготино и Делчево – 4, Кичево, Струга, Валандово и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Ресен, Виница и Кратово – по 1.

Од ковид-19 по двајца починати лица има во Скопје (72г, и 81г), Куманово (60г и 89г) и Кочани (64г и 72г), и едно починато лице од Кавадарци (78г), Демир Хисар (75г), Битола (68г), Крива Паланка (58г), Велес (73г), Неготино (45г), и Виница (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.404.750 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 205.623, бројот на оздравени пациенти е 190.570, на починати е 7.217, а бројот на активни случаи изнесува 7.836.

Најмногу активни случаи има во Скопје – 3.657, 423 во Куманово, Тетово – 183, Прилеп – 365, Гостивар – 35, Битола – 465, Велес – 368, Кавадарци -  324, Штип – 259, Охрид – 201, Струмица – 100, Кичево – 113, Струга – 44, Кочани – 225, Гевгелија – 120, Неготино – 84, Свети Николе – 83, Крива Паланка – 171, Радовиш – 70, Ресен – 57, Дебар – 3, Берово – 63, Делчево – 75, Виница – 39, Пробиштип – 71, Валандово – 24, Кратово – 49, Богданци – 22, Крушево – 25, Демир Хисар – 52, Македонски Брод – 6, Демир Капија – 1, Македонска Каменица – 48, Пехчево – 4, Дојран – 7.

 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе