За 24 часа направени се 1.245 тестирања

Уште 22 лица починаа од ковид-19, регистрирани се 118 нови случаи

Од 1.245 направени тестирања во изминатите 24 часа регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19 од кои дури 93 се во Скопје. Оздравени се 396 пациенти, а починаа 18 лица. Дополнително се пријавени уште 4 лица кои починале во претходен период. 

Новите случаи на ковид-19 се во Скопје – 93, Кавадарци – 11, Битола – 5, Прилеп и Струга по 2 и во Куманово, Велес, Крива Паланка, Кратово и Богданци по 1.

Регистрирани сe 396 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 175, Битола – 37, Прилеп – 26, Кавадарци – 16, Штип – 15, Куманово – 13, Кочани – 12, Тетово – 11, Крива Паланка, Гевгелија и Берово по 10, Велес – 9, Кратово и Делчево по 8, Демир Хисар – 6, Охрид и Неготино по 5, Валандово – 4, Свети Николе и Пробиштип по 3, Струмица, Радовиш и Демир Капија по 2, а од Струга, Гостивар, Кичево и Пехчево по 1.

 Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 18 починати лица: 6 починати лица од Скопје (63г, 68г, 70г, 71г, 72г и 89г), 3 починати лица од Струмица (71г, 73г и 87г), по 2 починати лица од Пробиштип (60г и 67г) и Неготино (66г и 90г) и по едно починато лице од Битола (81г), Демир Хисар (87г), Кочани (78г), Кратово (79г) и Штип (65г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 03.11.2021 до 26.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Куманово (1) и Пехчево (1). Починатите лица се на возраст од 61г до 88г. Две од пријавените лица се починати во болнички услови и две лица во домашни услови.

Направените 1.245 тестови се преку: ИЈЗ-43, ЦЈЗ Скопје-45, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-70, Авицена-75, Биотек-88, Систина-33, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа-0, Никоб лаб-182, ВФВ Медикал-22, Ели Медика-21, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0,  ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 666.

 

Досега во земјата се направени вкупно 1.468.996 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.125, бројот на оздравени пациенти е 199.460, на починати е 7.569, а бројот на активни случаи изнесува 8.096.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови: Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 94.103, Активни 3.851

Куманово 12.855, Активни 252

Тетово 11.310, Активни 150

Прилеп 10.156, Активни 401

Битола 8.609, Активни 635

Гостивар 8.059, Активни 29

Велес 7.276, Активни 331

Кавадарци 6.928, Активни 300

Штип 6.563, Активни 177

Охрид 6.435, Активни 295

Струмица 6.089, Активни 159

Кичево 4.221, Активни 81

Кочани 3.982, Активни 181

Струга 3.900, Активни 65

Гевгелија 2.781, Активни 129

Неготино 2.553, Активни 60

Свети Николе 2.112, Активни 81

Крива Паланка 1.877, Активни 133

Ресен 1.734, Активни 107

Радовиш 1.711, Активни 61

Дебар 1.455, Активни 1

Берово 1.422, Активни 82

Делчево 1.382, Активни 133

Виница 1.151, Активни 42

Пробиштип 1.110, Активни 24

Валандово 926, Активни 50

Кратово 760, Активни 45

Богданци 642, Активни 40

Демир Хисар 608, Активни 78

Крушево 582, Активни 29

Македонски Брод 490, Активни 10

Демир Капија 423, Активни 6

Македонска Каменица 412, Активни 67

Пехчево 347, Активни 9

Дојран 161, Активни 2

 

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе