Унгарија и донираше 72.000 брзи антиген тестови за ковид-19 на Македонија

Преку донација од Република Унгарија обезбедени се 72.000 брзи антиген тестови за ковид-19, информира Министерството за здравство.

На примопредавањето на донацијата, како што информира Министерството на социјалната мрежа „Фејсбук", присуствувале унгарскиот амбасадор Ласло Дукс и министерот за здравство Беким Сали.

„Тестовите веднаш ќе бидат распределени во здравствените установи и со нив значително се олеснува пристапот на пациентите кон тестирање, а се олеснува и движењето на пациентот во установата со цел добивање на неопходниот здравствен третман,“ изјави министерот Сали.

Тој се заблагодари за поддршката и солидарноста од страна на Унгарија, со цел поуспешно справување со ковид пандемијата. 

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе