истражувањето на Аналитика тинк тенк

Учениците се најчесто жртви на физичко насилство, а девојчињата и на родово базирано насилство

Бројките од истражувањето што го спроведе Аналитика тинк тенк за насилство во училиштата се поразителни, 63 проценти од учениците истакнуваат дека насилството често се случува, а само 20 отсто кажале дека тоа се случува ретко.

Аналитика тинк тенк го спроведе истражување со 305 ученици од скопските средни училишта „Здравко Цветковски", „Зефљуш Марку" и „Шаип Јусуф" во рамки на проектот поддржан од канадската Амбасада – „Промовирање на култура на мир и спречување на насилство како основни вредности во образовниот систем во Република Северна Македонија".

Во истражувањето беа вклучени ученици од средните училишта кои се од мешан етнички состав, од различни етнички заедници, кои и покрај тоа што се образуваат заедно, со самата желба да учествуваат во прашалникот демонстрираат желба дека сакаат да бидат вклучени во решавање на проблемот, а тоа е насилно однесување кај децата и негова превенција, изјави  Бојана Мијовиќ Христовска од Аналитика Тинк Тенк.

Таа додава дека само пет проценти од учениците кажале дека не биле сведоци на насилство.

Она што е многу важно е дека 70 проценти од учениците истакнуваат дека и покрај тоа што биле сведоци на насилство не го пријавиле од бројни причини меѓу кои најважни се таа дека не знаат на кого да пријават и стравот дека ако пријават ќе бидат следната жртва на насилство, посочува Мијовиќ Христовска.

Исто така, 83 проценти од учениците истакнале дека девојчињата се повеќе жртви на родово базирано насилство.

Учениците истакнуваат дека најприсутно е физичкото насилство, односно 60 проценти кажуваат дека од обични навреди тоа прераснува во физичко насилство, додека 40 проценти истакнале дека се среќаваат и со психичко и со сајбер насилство.

Причините за случување, како што посочува Мијовиќ Христовска, се исти, но манифестацијата е различна. Заради тоа, вели таа, потребни се вакви истражувања кои ќе им дадат информации на наставниците и стручните служби – педагошко-психолошката служба, како да делуваат, како да препознаат и кои алатки да ги употребат, затоа што не секое насилство бара исти мерки за адресирање на истото.

Многу е важно и дека високи 83 проценти од ученциите истакнуваат дека наставниот кадар е активно вклучен во решавање на конфликти на насилство и во едукација на децата за стекнување на вештини за справување со насилство, додека 65 проценти од децата кажале дека родителите не се вклучени во решавање на насилно однесување кај учениците, а 67 проценти кажуваат дека не постои соработка меѓу родителите, наставниот кадар и стручни служби во училиштата кога станува збор за разрешување на насилство, вели Мијовиќ Христовска.

Ова, додава таа, го потврдуваат и наставниците со тоа што истакнуваат дека родителите се повеќе загрижени за успехот на децата отколку за позитивната училишна клима.

Она што е исто така важно е дека за жал, вакви проекти истражувања и програми се ретко присутни, а она што е многу важно и ние што го увидовме од проектот е дека децата бараат да се активно вклучени во овие проектни активности, во ваков вид на работилници, да се сензибилизираат затоа што само така можат да придонесат да се превенира насилство, да видат како да се стекнат со алатки за негово разрешување, да се здобијат со емпатија, со која ќе може да се делува на намалување на конфликтите, потенцира Мијовиќ Христовска.

Според неа, кога децата активно се вклучени и се гледаат всушност со очите на другите, има многу поголем ефект и желбата за стекнување на дополнителни вештини е поголема кај нив.

Исто така е многу важно наставниците да се доедуцираат, да стекнуваат дополнителни вештини за тоа како да препознаат некој вид насилство, затоа што физичкото насилство е јасно, експлицитно и лесно се препознава, меѓутоа сајбер насилството и психичкото насислтво не можат лесно да се препознаат, е тука се гледа потребата за дополнителни вештини кај наставниот кадар, смета Мијовиќ Христовска.

Нивните препораки се активно вклучување на наставниот кадар, сензибилизација на учениците, односно активно вклучување во правилниците кои ги носи училиштето со тоа што се ствара обврска кај истите ученици да ги почитуваат тие правилници – кодекс на однесување, да учествуваат во работилници, а не само сувопарно предавање за тоа што е насилство и како да се превенира, активно да се случуваат симулации на случаи каде што се случува насилство за да видат тие самите како треба да постапуваат и зошто не треба нешто да се случува.

Потоа, стручните служби исто така да бидат активно вклучени, а секако и поголемо анимирање на родителите.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе