Три трансплантации на коскени ткива на Клиниката за ортопедија

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ, минатата недела успешно се направени три имплантации на коскени ткива од починат донор кај пациенти со различни заболувања, информираат од Клиниката. Две транплантации се направени кај млади пациенти, и една кај средовечен човек.

„Кај 16 годишна девојка со повреда здобиена при спортски натпревар, д-р Алан Андоновски направи успешна реконструкција на предниот вкрстен лигамент со лигамент од починат донор.

Кај 49-годишен пациент повреден при пад од 13 метри во септември 2020 година, кој бил опериран во повеќе наврати и кај кој се настанати компликации, д-р Александар Савески со коскено ткиво од починат донатор направи премостување на несраснатиот дел на фрактурата.

Третата трансплантација е кај 27 годишен пациент со малигна болест- Јуинг сарком. Откако го отстрани заболен дел на коската, д-р Резарат Далипи го замени со здраво коскено ткиво од починат донор.

За период од една година колку што Клиниката за ортопедија е вклучена во Програмата за трансплантација на органи и ткива на Министерството за здравство, направени се пет експантации и 14 имплантации на коскени ткива кај пациенти со сериозни болести предзивикани од трауматски повреди или од малигна болест и со тоа е отворено ново поглавје во трансплантациската медицина во ортопедијата. За многу пациенти особено на тие со малигна болест, добивањето здраво коскено ткиво од починат донор значи можност за нов и подобар живот“, информира Клиниката за ортопедија.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе