Три лица починаа од ковид-19, нови 76 случаи

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.232 тестови, а регистрирани се 76 нови случаи со ковид-19 и 73 оздравени пациенти. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 14 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани три починати лица од Скопје (80г), Охрид (82г) и Куманово (75г).

Сите лица се починати во болнички услови. Лицата се пoчинати во период од 17.04 – 17.05.2022 година, соопшти Министерството за здравство.

Од 76 новозаболени од Скопје се 56, Битола 10, Кавадарци 3, Охрид и Кичево по 2 и Куманово, Гевгелија и Ресен – по 1.

Од 73 оздравени пациенти од Скопје се 40, Битола и Охрид по 5, Кавадарци 4, Прилеп и Штип по 3, Ресен, Тетово, Гостивар, Делчево и Берово по 2 и Куманово, Струмица и Струга по 1.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе