Неделен извештај на ИЈЗ

Трендот продолжува: минатата недела помалку заразени и починати од ковид-19

Извештајот на Институтот за јавно здравје за периодот од 28 февруари до 6 март покажува дека се регистрирани 2.504 нови позитивни ковид-случаи, што е за 32,3 отсто помалку во однос на претходната недела, а процентот на позитивност се движи од 9,4% до 18,4%, или просечно 14,0%.

Тестирани се вкупно 17.416 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на САРС-КоВ-2, или 9,4 отсто помалку од претходната недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.418; 56,6%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 389,4/100.000, потоа во Скопје – 312,7/100.000 и во Демир Капија – 308,6/100.000.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група над 60 години (n=705, 28,2%), а најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=103; 4,1%).

Во однос на претходната недела, се бележи намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, а најзабележително од 46,9% кај лицата од 0-9 години.

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 3.511 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување. Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 372 реинфекции, со намалување од 31,5%  во однос на претходната седмица.

Во текот на изминатата недела пријавени се 44  смртни случаи во 17 градови, што е 35,3% помалку во однос на претходните седум дена. Најголем дел од нив се од Скопје (17). Во однос на возраста, најголем број (n=42; 95,5%) од починатите се над 60 години.

Хоспитализирани се 216 лица (35,9% помалку во споредба со претходна недела), од нив 150 се на кислородна поддршка (41,2% помалку во споредба со претходна недела), а 8 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација (11,1% помалку во споредба со претходна недела).

Во извештајот на ИЈЗ стои и дека заклучно со 05.03.2022, вакцинирани се вкупно 871.082 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 850.803 лица, а со трета доза се вакцинирани 144.391 лица

 

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе