Традицијата продолжува, медали за младите математичари од Македонија

Традицијата продолжи и на 63-та Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2022) во Осло, каде македонската репрезентација постигна одличен резултат  - 39-то место во светот во математика. На натпреварот учествуваа 104 земји со 589 натпреварувачи.

Водач на македонската репрезентација на 63. ИМО беше Илија Јовчески, а заменик-водач – Мирко Петрушевски. Освен Давков, кој заврши деветто одделение во ОУ „Ванчо Прќе”, сите останати се ученици на ПСУ „Јахја Кемал” . 

На овој најпрестижен математички натпревар во светски рамки нашата екипа годинава освои две сребрени медали, две бронзени медали и две пофалници.

Членови на екипата беа: Никола Спировски (сребрен медал; 29 поени) – ПСУ„Јахја Кемал”, Дамјан Давков (сребрен медал; 29 поени) - ОУ „Ванчо Прќе”- Штип, Блаже Суклевски (бронзен медал; 27 поени) – ПСУ„Јахја Кемал”, Јан Стојановски (бронзен медал; 24 поени) - ПСУ „Јахја Кемал”, Алексиј Тасиќ (пофалница; 21 поени) – ПСУ „Јахја Кемал”, Јасна Илиева (пофалница; 18 поени) - ПСУ „Јахја Кемал”.

 

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе