Светски ден на Астма: Од 80 илјади до 100 илјади заболени во нашата држава

Согласно календарот на Светската здравствена организација (СЗО) годинава на 3 Мај се одбележува Светски ден на астма.

„Станува збор за сериозно хронично заболување кое достигнува бројка до 300 милиони пациенти во светот од сите возрасни групи,“ напиша вечерва министерот за здравство Беким Сали на својот Фејсбук профил.

Министерот Сали наведува дека бројот на заболени во нашата држава изнесува од 80 илјади до 100 илјади и е во постојан пораст.

„Една од нашите примарни цели е подобрување на квалитетот на живот и заштита на здравјето со висококвалитетни и достапни лекови кои овозможуваат подобар исход во лекување на пациентите со астма и хронична белодробна болест,“ напиша министерот за здравство Сали на Фејсбук.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе