Стоилковиќ до македонските власти: Не глумeте лудило, побарајте дел од вакцините кои Србија веќе ги поседува

Гледам јас, ама гледа и целокупната македонска јавност дека во Србија денеска покрај до сега пристигнатите, Бионтек-Фајзер вакцината, руската Спутник вакцина, од Пекинг пристигна и Синофарм вакцината во сериозни количини, па  наместо да чекате и да барате таму каде нема, ми се чини дека е природно да побарате таму каде што има, апелира пратеникот Иван Стоилковиќ до македонските власти.

Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија вели дека Македонија требаше само официјално да се обрати до српскиот претседател за да добие помош од Србија во вакцини. Но, тоа не беше сторено, како што и на кумановскиот градоначелник најверојатно некој му забрани да се обрати, па затоа нема ни помош, вели Стоилковиќ и препорача дека не е се изгубено и дека македонските власти само треба официјално да се обратат до српскиот претседател.

„Сега барем поучени од грешките од минатото ви препорачувам да престанете да глумите лудило и да се обратите јавно до српскиот претседател, да не посредувам и да не си играме глув телефон, и да побарате дел од вакцините кои Србија веќе ги поседува да ни ги отстапи за потребите на нашето население. Ќе ви биде одобрена помош во вакцините, знам што зборувам.

Не калкулирајте, постои население, загрижени граѓани, медицински персонал и уште некои категории граѓани, поточно на држава во целина да се почне со процесот на вакцинација, бидејки претпоставувам дека сте свесни што значи историското доцнење на вакцините во однос на непречено одвивање на елементарните функции на државата, општеството и здравјето на граѓаните“, напиша на својот фејсбук-профил Иван Стоилковиќ.

 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе