Стипендии за студии и истражувања во Словенија

Врз основа на Протоколот меѓу министерствата за образование на нашата земја и Словенија од 2016 година, словенечкото Министерство за образование, наука и спорт доделува стипендии за студенти, дипломирани лица и докторанти од Македонија на високообразовните институции во Република Словенија за академската 2021/2022 година.

Дваесет и четири месечни стипендии се за студиско усовршување на високообразовните институции во таа земја, со поединечно времетраење од три до шест месеци, за кандидати до 26-годишна возраст.

Три  стипендии се едносеместрални, секоја по четири месеци, за студенти по словенечки јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, и  две стипендии се за посета на двонеделниот летен курс по словенечки јазик и се наменети, исто така, за студенти по словенечки јазик на УКИМ.

Повеќе информации во врска со условите, критериумите, потребните документи, начинот на аплицирање и роковите, може да се најдат на  интернет-страницата https://studyinslovenia.si/news/bilateral-scholarships-2021-22/, а апликацијата е достапна во електронска форма на: https://studyinslovenia.si/study/exchange-programmes/

До 1 март 2021 е рокот за доставување на апликациите до Министерството за образование и наука (ул. „Св. Кирил и Методиј" бр. 54, 1000 Скопје) кое во известувањето на својата веб-страница наведува и контакти за дополнителни информации.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе