СОНК ѝ предложи на Владата да ја преиспита одлуката за учење со физичко присуство

Јаким Неделков, претседателот на СОНК, предлага наставата во првите две недели од февруари да се одвива онлајн, а потоа да се разгледа епидемиолошката состојба во земјата

Владата и Министерството за образование и наука да ја преиспитаат одлуката второто полугодие за основното и средното образование да почне на 1 февруари, пред сè, поради сериозната епидемиолошка состојба во земјата.

Ова денеска го посочи Самостојниот синдикат за образование и наука (СОНК), со предлог да се размислува за алтернативно решение за изведување на наставата, барем во првите две недели од почетокот на второто полугодие.

Неделков, претседателот на СОНК, вели дека во време на висок процент на заразени и минусни температури, не се сигурни дека Владата донела исправна одлука за начинот на одржување на наставата во второто полугодие.

Бараме алтернативно изведување на наставата, па потоа да се види каква ќе биде епидемиолошката состојба. Првично предлагаме наставата две недели од февруари да се одвива онлајн. Наставниците се веќе обучени, на учениците им е познат начинот на функционирање. Знаеме дека тој начин е потежок, но засега е побезбеден, додава претседателот на СОНК.

Владата на вчерашната седница, по препорака на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, донесе одлука второто полугодие да започне на 1 февруари со физичко присуство и согласно протоколите за заштита од коронавирусот.

На 17 јануари годинава Владата одлучи да се одложи почетокот на второто полугодие, кое требаше да стартува на 20 јануари.

Утврди и дека учебната 2021/2022 година ќе заврши во редовниот термин, односно на 10 јуни 2022.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе