Поради незадоволство од ниските плати

Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ повикува на протест

Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" на 2 јуни во 10 часот ги повика на мирен протест сите вработени од наставниот и ненаставниот кадар. Според соопштението, мирниот протест е поради револт и незадоволство од игнорантскиот однос на надлежните органи кон Универзитетот и непотпишување на колективниот договор. 

„Согласно утврдениот предлог од страна на претставниците на Сојузот на синдикатите на Универзитетот „СВ. Кирил и Методиј" во Скопје на седница одржана на 27.05.2022 година се повикуваат сите вработени, од наставниот и ненаставниот кадар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје да излезат на мирен протест пред платото на Ректоратот на 2 јуни во 10 часот заеднички да го изразиме револтот и незадоволството од игнорантскиот однос на надлежните органи кон Универзитетот и непотпишувањето на Колективниот договор на УКИМ за остварување на нашите барања за покачување на платите . За сите присутни на протестот Синдикатот ќе обезбеди бесплатен паркинг во склоп на факултетите", се вели во соопштението на Сојузот на синдикатите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј".

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе