Шаќири вели МОН оваа година најподготвено со учебници и помошни материјали го чека 1 септември

Учебната година ја почнуваме далеку поподготвени од неколкуте изминати години, учениците од првиот ден ќе имаат учебници и помошни материјали. Ги повикувам директорите да бидат ажурни и да ги преземат од општините, рече денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

На прес-конференција на која направи осврт за работата на МОН откако тој го предводи, Шаќири рече дека интензивно се работело на новите наставни програми за прво, второ, четврто и петто одделение, за кои Бирото за развој на образованието подготвило интересни и интерактивни содржини и се изработуваат нови учебници. Тие со во различна фаза на одобрување, а за да имаат учениците од што да учат, подготвени се материјали за учење за првото тримесечје.

Шаќири потсети дека во изминатиот период со СОНК е постигнато, како што рече, историско покачување од 15 проценти за платите на наставниците кои ќе ги добијат со септемвриската плата. Со Синдикатот ќе следува дефинирање и потпишување нови колективни договори за основно и за средно образование и ќе бидат во дијалог за политики за подобрување на квалитетот на образованието.

На прес-конференцијата во Владата Шаќири истакна дека е значително зголемен бројот на образовни асистенти финансирани од буџетот на МОН кои ќе работат со ученици со атипичен развој вклучени во редовната настава – од 500 лани, оваа учебна година ќе бидат 720.

Посочи на зголемениот број дуални паралелки за унапредување на средното стручно образование – од 97 минатата година, сега се 200 со опфатени 2.700 ученици, минатата година биле вклучени 250 компании, а во оваа година се вклучени 400 компании во овој проект.

За капитални инвестиции во образованието, рече Шаќири, втора година буџетот е над милијарда денари односно два и пол пати повеќе од претходните години. Соопшти дека летово се реконструирале училишни објекти во повеќе општини и се градат нови училишта. Се осврна и на различните категории студентски стипендии за подобрување на студентскиот стандард, а за науката со буџет од 218 милиони денари се финансираат проекти на јавните научни установи и опремување на лабораториите.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе