Шаќири со порака до родителите, наставниците и учениците: Почитувајте ги протоколите за заштита од ковид-19

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска на прес-конференција информираше дека на негово барање, врз основа на препорака од Главниот координативен штаб, Владата вчера донесе одлука започнувањето на првото полугодие да се одложи до 1 февруари годинава. Согласно оваа одлука донесена врз основа на проценките од здравствените власти дека земјата се наоѓа во епидемиолошки пик со ковид-19, учениците со физичко присуство во училиштата ќе се вратат на првиот ден од идниот месец.

"Со цел да го сочуваме јавното здравје и здравјето на нашите најблиски, повикувам на свесност и одговорност за да го спречиме ширењето на заразата. Апелираме до родителите, наставниците и учениците и за време на продолжениот распуст максимално да се придржуваат до мерките и препораките за заштита од ковид-19, во домашни услови и на отворено", рече Шаќири.

Министерот истакна дека одлука нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни како што е предвидено во календарот за наставната програма за основно и средно образование, со соодветна адаптација на наставните планови.

„За прилагодувањето на наставните планови согласно најновата владина одлука веќе сме во координација со директорот на Бирото за образование и наука", изјави Шаќири.

Министерот информираше дека следниот период ќе се искористи за евалуација на системот за учење од далечина како и ефектите и постигнувањата од истиот.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе