Шахпаска: Здравствените власти ќе одлучат дали градинките од септември ќе работат со полн капацитет

Останува да процениме дали градинките ќе работат со полн капацитет од септември. Ќе го почитуваме мислењето на здравствените власти, на Комисијата за заразни болести која будно ја следи епидемиолошката состојба, рече вечерва министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Сепак, таа е оптимист и, како што истакна во гостувањето на ТВ Сител, очекува мирна есен. Според Шахпаска, градинките се една од поуспешните приказни во справувањето со пандемијата.

„Со систематски пристап, редовни надзори и почитување на протоколите од страна на вработените и родителите, имаме заокружување на успешен период. Добро поминавме, добри беа показателите, добро беше присуството на деца во градинките. Согласно протоколите, се уште има слободни места за одење на децата во градинките. Јас сум оптимист, нема причина тоа да не биде така, имајќи го предвид фактот дека најголем дел од вработените во градинките веќе се комплетно вакцинирани, со двете дози“, истакна Шахпаска.

Министерката подвлече дека здравјето на децата и на сите граѓани останува врвен приоритет. 

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе